fbpx

Заев: Овде во Ранковце ќе бидат поставени дел од 69те ветерници на најголемата инвестиција на германската компанија ВПД

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

“Од сонцето и од ветерот правиме струја. Овде во Ранковце како и во соседните општини, ќе се гради 415 мега-ватна ветерна електрана од страна на германската компанија „ВПД“ инвестиција вредна 500 милиони евра, најголема гринфилд инвестиција во историјата на македонската економија”, им порача претседателот Заев на граѓаните на денешната средба во Ранковце.

“Ќе се постават вкупно 69 нови ветерни турбини. Тоа е за четири пати повеќе од оние 16 турбини поставени долж границата со Република Грција. Овде ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија. Само за споредба, станува збор за капацитет кој го имаат двата од вкупно трите блока на инсталиран капацитет од РЕК Битола во најдобрите години”, рече претседателот Заев и додаде дека продолжуваат инвестициите во здрава животна средина и во економски развој.

“Дополнително, со изградбата на двете 50 мегаватни електрани на приватни инвеститори, како и на две електрани на ЕСМ од по 10 мегаватни, ја трансформираме електраната Осломеј од електрана на јагелн во фотонапонска електрана.Наш врвен приоритет останува влогот во обновливи извори на енергија. Правиме струја и од отпадот. Започнува изградба на модерни депонии коишто отпадот ќе го преработуваат во енергија. Со ова трајно ќе ги решиме децениските проблеми на депонии и незаконско расфрлување ѓубре и смет”, потенцираше претседателот Заев и додаде дека продолжуваат вложувањата во чист воздух, чиста вода и чиста почва, субвенциите за инвертери и енергетско-ефикасни фасади, градењето пречистителни станици – проекти кои ќе придонесат за развој на општините во целост, ќе стимулираат нови вработувања, дополнителни приходи и најглавното, значат влог во здрава животна средина.

Последни вести