Соопштение за јавност
Носителката на советничката листа за претстојните локални избори за општина Крива Паланка на СДСМ и Коалицијата Изабела Павловска, во своето обраќање во рамките на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“ истакна дека изминатие години во Крива Паланка се вложува во патна, канализациона, водоводна инфраструктура, се градат патишта кои беа заборавени дваесет, триесет, па може и повеќе години.
Резултатите се евидентни и видливи, но тоа не ни дава за право да застанеме тука, напротив тоа е причина и мотив да продолжиме и да ги завршиме веќе започнатите проекти, неуморно да работиме на уште поголеми вложувања кои ќе го подобрат животот на секој еден од нас, истакна Павловска.
Со заложбата на Владата и реализираните проекти ја градиме и оправдуваме довербата од граѓаните, затоа на изборите на 17-ти октоврми, гласајте за бројот 12 за победа на најдобриот тим за Крива Паланка, предводен од градоаначалникот Сашко Митовски, ги повика граѓаните носителката на советничката листа за претстојните локални избори за општина Крива Паланка на СДСМ и Коалицијата Изабела Павловска.