fbpx

Школа за женски активизам – VI генерација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Форумот на жени на СДСМ веќе пет години успешно спроведува политичко образование на членките на СДСМ. Школата за женски активизам ќе им овозможи на учесничките теоретско знаење и практичен тренинг во насока на подобро разбирање на родовите аспекти, но и ќе го продлабочи нивното знаење за конкретни родови прашања кои се однесуваат на учеството на жената во политиката. Преку активностите на Школата за женски активизам, учесничките ќе се сензибилизираат за теми од областа на родовата еднаквост и родовата интеграција, родовото насилство и дискриминација, зајакнувањето на жената, родово анализирање и буџетирање, како и низа други прашања кои директно се однесуваат на родовата димензија. Овие цели ќе се реализираат во рамките на пет циклуси на дводневни викенд-семинари во периодот од мај до декември 2020 година.

 

Услови за учество:

 

Право да конкурира за учество на Школата за женски активизамима:

 

1. Секоја членка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,

2. Да ги застапува социјалдемократските вредности,

3. Сака да биде активна во општествениот и политичкиот живот во Северна Македонија,

4. Да поседува комуникациски и презентациски вештини.

 

Потребни документи за учество:

 

1. Биографија со наведени контакт-податоци

2. Писмо за мотивација

 

 

 

Селекција на кандидатки

 

Селекцијата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза кандидатките ќе бидат селектирани врз основа на личните постигнувања (вклучувајќи го академското образование, неформалното образование и политичкото искуство) наведени во биографијата и писмото за мотивација. Кандидатките кои ќе се квалификуваат ќе бидат известени и повикани на усно интервју во периодот 9-10 мај 2020 година.

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона-вирусот ковид-19, а во согласност со препораките и мерките на надлежните власти, интервјуто ќе се одвива онлајн на некоја од платформите.

 

Избраните учеснички на Школата за женски активизам ќе бидат известени најдоцна до 15 мај 2020 година.

 

Непотполни документи нема да се разгледуваат!

 

Поднесување на документите

 

Документите треба да се поднесат најдоцна до 7 маj 2020 годинана е-маил: forumzeni@sdsm.org.mk или по пошта на адреса: СДСМ, ул. „Павел Шатев“ бр.8 (со назнака за Форум на жени на СДСМ).

 

 

sdsm.org.mk• e-mail: press@sdsm.org.mkтел.: +389 2 3293100 факс: +389 2 32932109 aдреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 8, 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Последни вести