Соопштение за јавност
Во своето гостување во Канал 5 телевизија, кандидатот за градоначалник на Скопје Петре Шилегов истакна дека во овие четири години се вложувало во рамномерниот развој на сите делови од Скопје и дека тоа ќе продолжи и во следниот мандат.
„Претходно никој не веруваше дека Пластичарка може да се направи, никој не веруваше дека бул. Никола Карев под касарна може да се направи, никој не веруваше дека може да се влезе во Аеродром со уште еден булевар. Меѓутоа тоа е баш стратешки развој на градот. Никој не веруваше дека може подеднакво да се инвестира во секој дел од градот, за да се развиваат сите општини, а ние тоа го сторивме и ќе продолжиме да го правиме и натаму“ посочи Шилегов.
Осврнувајќи се на проектот за брз автобуски транспорт, Шилегов оцени дека тој е далеку поевтин од проектот за воведување трамвај а начинот на функционирање е идентичен.
„Принципот на кој функционира Бас рапид транзит системот е совршено ист со тој на трамвај. Го избравме БРТ бидејќи не располагаме со неограничени средства. Овој проект за кој зедовме кредит од ЕБРД чини 70 милиони евра, ако влезевме со шини и трамвај тоа ќе не чинеше 360 милиони евра. Каков градоначалник би бил ако дозволам градот да може да добие соодветен транспортен систем за 70 милиони евра а јас да речам дека ќе потрошиме 360 милиони?“ истакна Шилегов.