Соопштение за јавност
Во генералниот урбанистички план, кој се подготвува и ќе се усвојува во 2022 година воведува хуманизација на просторот и нема да има ознака за изградба на капацитети на тешката индустрија, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за град Скопје Петре Шилегов, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Шилегов најави дека јужната обиколница која ги сече падините на Водно ќе ја избрише од ГУП-от и дека тешката индустрија ќе мора да се исели од градот.
Железарница и Цементарница на пример ќе мора да се иселат и тоа е зборувано со нивниот менаџмент. Тоа ќе биде сложена операција, сериозен процес за дислокација на тие капацитети, но градот мора да се хуманизира, нагласи Шилегов.
Тој додаде дека на Скопје му се случила бетонизација, бидејќи граѓаните не биле вклучени во процесите на носење одлуки.
Шилегов нагласи дека токму поради ваквите гледишта ќе ја добие поддршката од невладиниот сектор, бидејќи се на иста линија по многу прашања.
Тука е корпусот од каде јас ја очекувам поддршката и мислам дека и членството на СДСМ ќе се подразбуди, како и луѓето што не сакаат државата да се враќа назад и невладините организации, истакна Шилегов.
Во емисијата „Само интервју“ Шилегов зборуваше за воведувањето на јавниот БРТ превоз и истакна дека не се прави ефикасен јавен превоз со купување автобуси.
Автобиски линии Скопје има и сега, ефикасноста на еден јавен транспорт не зависи од бројот на автобуси, ниту од бројот на линии, туку од неговата организираност во систем, рече Шилегов.
За четири години, успеавме во она што се збрува во Скопје 40 години, а тоа е на трамвајот да му дадеме соодветна супституција, принципот е ист на БРТ и трамвај, но трамвајот чини 360 милиони евра, а БРТ систем за транспорт за луѓе, чини 70 милиони евра, рече Шилегов, додавајќи дека 250 електрични автобуси, што ги најавува противкандидатката чинат 200 милиони евра
Влеговме во силна инплементација на развој на инфраструктура, четирите булеври што се изградија се дел од тоа решение, го изградивме булеварот АСНОМ, мостот сега се гради од АСНОМ од сајмиште кон мостот и де факто е пробеин коридорот покрај Малиот ринг во правец од Аеродром од Карпош, од друга страна е тунелот кај Лимак, кој кога станав градоначалник освен продадена земја на Лимак,немаше ништо, за 8 месеци ја уредивме целата документација и сега се готови 300 од 750 метри, рече Шилегов.
Тој нагласи дека како градоначалник работи на системски решенија, како БРТ, кој Данела Арсовска не може да прекине.
Со цела почит на госпоѓа Арсовска, не е концепт да купиш автобуси, туку да создадеш услови за ситемско решавање на сообраќајот во градот и отворање на можноста за создавање на најголема пешачка зона, порача Шилегов.
Треба да се вимава што се зборува, не е само да се каже, бидејќи се работи за сериозна работа, а тоа е Град Скопје, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за град Скопје Петре Шилегов, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.