Соопштение за јавност
Ниту на голем празник за православните христијани, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од намерата по секоја цена да шири лажни вести и дезинформации во очаен обид за политичко профитирање.
Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за цензура, бидејќи тоа е партијата за чие владеење се вршеа упади во медиуми, се затвораа и апсеа новинари, а државата беше на дното по новинарски и медиумски слободи.
Денес, сите институции на централно и локално ниво имаат воспоставено принципи на отчетност и транспарентност, вредности што никогаш не биле и нема да бидат познати за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Денес, премиерот и министрите на Владата секој ден во живо одговараат на сите прашања на медиумите, што е многу важно во време на сериозна здравствена криза кога редовното и навремено информирање е од особена важност.
Тоа е новата реалност, целосно спротивна на навиките на Мицкоски и неговиот ментор Груевски за целосна контрола и управување на медиумите.