fbpx

Спасовски: Обединети и сложни во недела на 31- октомври да го поддржиме Оливер Илиевски за модерно и зелено Куманово и да не му дозволиме на режимот да се врати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кумановци се секогаш на вистинската страна, а тоа ќе го докажеме и во недела на 31 октомври кога ќе излеземе сите на гласање и ќе го поддржиме Оливер Илиевски за градоначалник на општина Куманово, а со Илиевски ќе имате европски квалитет на живот во општина Куманово, порача Оливер Спасовски, потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средба со граѓаните во Куманово.

Спасовски кажа дека верува во мудроста на кумановци кои ќе застанат на вистинската страна и ќе го поддржат СДСМ и коалицијата ,, Најдоброто за мојата општина“, за најдоброто за Куманово.

„Куманово докажа на дело дека е град на прогресот, град на револуцијата и град на мудроста. Кумановци се секогаш на вистинската страна:

• и на историјата – кога биле положени животи за слободата;

• и во сега – кога предводевме во рушењето на деценискиот режим, кога донесовме тешки одлуки и ги осигуравме евро-атлантските интеграции;

• и јас силно верувам во мудроста на кумановци и сега, кои повторно ќе застанат на вистинската страна и ќе ги поддржат Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, за најдоброто за Куманово“ – рече Спасовски.
Тој потенцираше дека за Куманово со поддршка од Владата, за само 4 години, во општината се вложени над 120 милиони евра во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради.

,,Рехабилитиравме и над 85 километри локални и регионални патишта, направивме 3 училишни спортски сали, градинки, водоводи, канализации.

Режимот – за 11 години направи само две тениски игралишта во Куманово.

Ние вложуваме во потребите на луѓето, затоа што се грижиме за граѓаните и државата, а тие вложуваат во жални врби и стиропор, затоа што така насочуваат милиони евра провизии за своите лични потреби. Ние градиме „Едно општество за сите граѓани“, a тие го подриваат соживотот и ги делат луѓето. Со нив сте во опасност, сите сме во опасност и граѓаните и државата. Да не го заборавиме никогаш животот поминат во режимот, живот во закани и страв. Затоа, со нас сте на сигурно, сите се на сигурно и граѓаните и државата”-кажа Спасовски.

„Сега има разлика и знам дека ќе донесете исправна одлука што е најдоброто, а јас ве уверувам, Оливер Илиевски, нов градоначалник на општина Куманово е Најдоброто за општина Куманово.

Оливер го знаеме сите, тој е чесен човек, одговорен, упорен и вреден, домаќин човек. Оливер ја има поддршката од СДСМ, ја има мојата поддршка, Оливер ќе биде силно поддржан од централната власт, да обезбеди европски квалитет на живот во општина Куманово.

Да продолжиме да го развиваме Куманово и општина Куманово да биде европска општина.

Ве повикувам, обединети и сложни на 31-ти октомври да не седиме дома, и да не дозволиме да се врати режимот! Да заокружиме број 12, да гласаме за Оливер Илиевски и да го осигураме Најдоброто за општина Куманово! Најдоброто за сите нас, – порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните на Куманово.

Последни вести