fbpx

Уште во првите денови градоначалниците на Мицкоски го покажаа режимското лице, во ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваат друго прават

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ

Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице.

Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини.

Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел.

Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром.

Значи едно зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ а сосема друго прават.

Останува фактот дека за разлика од пред четири години кога општините беа заглавени во долгови, денес општините се во одлична финансиска состојба.

Ако на градоначалниците на ВМРО- ДПМНЕ им се потребни јавни насоки за да работат, јасно е дека за нив поважен е Мицкоски од интересот на граѓаните.

Последни вести