fbpx

Со партнери кои се анти ЕУ, анти НАТО и анти Преспа, јасна е агендата на Мицкоски, нема никакви вредности ниту платформа, само желба за власт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Деновиве ќе покажат дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност.

Информациите кои вчера се појавија во јавноста, дека дел од пратениците кои се потпишале биле злоупотребени, кажува за какви “принципи” станува збор.

Со партнери кои се против НАТО, кои се против Договорот од Преспа, кои се против концептот едно општество за сите, против членството во ЕУ, јасна е агендата на Мицкоски.

Нема тука никакви политички идеи, никакви вредности, нема политички принцпици, платформа, Мицкоски има само и единствено желба за власт.

Конфликтот на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата.

СДСМ како партија која е на страната на граѓаните, на националниот интерес и напредокот на државата ги повикува на соработка сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина на нашата држава, за правда и економскиот напредок.

Последни вести