Соопштение за јавност
Расте нервозата во ВМРО-ДПМНЕ откако станува јасно дека на Христијан Мицкоски му испарува мнозинството во Собранието, па затоа денеска од Белиот дворец се обидуваат да најдат алиби во наводни закани кон пратеници.
Пратеници од опозицијата самите признаваат дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата се собрани преку меѓусебни лаги и измами.
Граѓаните не забораваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ и нејзини високи функционери се закануваа кон пратеници кои гласаа за уставните измени и очигледно дека тоа ВМРО-ДПМНЕ сака да го направи и денес.
Пратениците да бидат спокојни, државата, институциите ќе ги заштитат од заканите на ВМРО-ДПМНЕ, обидите за закани и притисоци нема да им успеат.