fbpx

Владата спроведува мерки од 200 милиони евра за зачувување на секое работно место, ВМРО ДПМНЕ сака да земе пари од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Владиниот пакет на економски мерки вреден 200 милиони евра со цел ублажување на економскиот удар предизвикан од коронакризата, е утврден врз основа на сериозни и темелни анализи преку коишто Владата ги дефинираше бројките на загрозени работни места и компании. 

Оттука, пакетот опфаќа помош за најмалку 250.000 работници и околу 35.000 компании, што е скоро 50% на регистрирани правни субјекти во приватниот сектор .

Економските мерки овозможуваат  помош за работниците, за стопанството, за микро, малите и средните претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија.

Зачувувањето на секое работно место е од клучно значење и затоа се обезбеди помош од 14.500 денари приход за сите што ќе бидат погодени од кризата. По принципот на солидарност функционерите на државни и јавни институции во нареедните два месеца ќе примаат минимална плата од 14.500 денари. 

Јасна е разликата помеѓу преземените мерки на Владата коишто обезбедуваат месечна поддршка од 60 милиони евра и предлозите на ВМРО ДПМНЕ со срамна поддршка за скоро 50% помалку од тоа што ние го обезбедуваме.  

Моделот предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ и категоризацијата на бизнисите според нивото на претрпени штети и добивање на поддршка ги става во поповолна состојба сите подобро платени работни места, наспроти пониско платените работни места.
Сите анализи и фактите го покажуваат  дека мерките што ги предлага ВМРО ДПМНЕ се несериозни и неодговорни.  

Тоа значи значително помалку средства вбризгани директно во стопанството, помалку пари кај граѓаните, намалување на потрошувачка, но и помалку задржани работни места . Затоа што со помала поддршка, компаниите се склони полесно да се откажат од работниците.

И во ова тешка здравствена и економска криза, несериозноста на ВМРО ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски кои се научени само да земаат оди до таму што сакаат да им ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски столб.
 
Ова е време кога солидарноста треба да се покаже на дело, да даваме таму каде што нема, да кратиме на непродуктивни трошења и намалување на платите. 
 
Уверуваме дека никој не е сам и никој нема да биде заборавен. Државата е тука за сите граѓани и прави се за сите полесно да ја пребродат кризата.

Последни вести