Соопштение за јавност
Почитувани,
Утре, 12.12.2021 година, недела, СДСМ организира вонредни внатрепартиски избори на кои сите членови кои имаат електронска членка картичка бираат Претседател на партијата.
На вонредните внатрепартиски избори учествуваат тројца кандидати а членовите гласаат на 194 избирачки места ширум државата.
Како врв на внатрепартиската демократија и како настан којшто за втор пат се случува во нашата земја, го покануваме вашиот медиум да го проследи процесот на гласање на избирачките места како и објавата на резултатите.
Избирачките одбори и Општинските изборни комисии ќе им обезбедат непречена работа на медиумите и медиумските работници кои сакаат да проследат гласањето на избирачките места ширум републиката. Секако со почитување на неколку основни правила, за изборниот процес да тече нормално и непречено, согласно утврдените критериуми и стандарди.
Медиумите или нивни претставници ќе треба да покажат медиумска, прес картичка, со којашто ќе потврдат дека станува збор за лица вработени или ангажирани од одреден медиум.
На избирачките места ќе може да се снима или фотографира со почитување на протоколите за заштита на здравјето, водејќи грижа за заштита на личните податоци на гласачите (наведни во Избирачкиот список) почитувајќи ја тајноста на гласањето.
Во прилог испраќаме и информации (адреса, локација) за дел од избирачките места, кои се лесно достапни за медиумите:
Бутел- општински штаб
Центар – Хотел Сити парк и Хотел бест Вестерн
Карпош – општински штаб лептокарија над ревија
Гази баба – општински штаб трианга
Доколку постои интерес кај медиумите за дополнителни информации за останатите избирачки места како и за други информации на располагање е портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска (077 543-846) како и лицата од Центарот за комуникации на СДСМ.
За времето на соопштување на првичните резултати од гласањето, како и за излезноста, дополнително ќе информираме во текот на утрешниот ден. Планирани се изјави во текот на денот со информации за текот на изборниот процес како и за изборниот резултат.
Вонредните внатрепартиски избори ќе бидат целосно безбедни по здравјето на сите.
Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.
Изборите ги спроведува Централна изборна комисија, Општински изборни комисии и Одбори во сите општински ораганизации на 194 Избирачки места.
Сите информации поврзани со изборниот процес за првите директни внатрепартиски избори се достапни на официјалната интеренет страница на СДСМ или директно преку следниот линк: https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori
Центарот за комуникации на СДСМ стои на располагање за дополнителни информации доколку имате потреба.