fbpx

Вонредни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ

Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија како модерна, отворена и демократска партија, согласно Статутот, Претседателот на партија го избира на непосредни, вонредни внатрепартиски избори. 

Со Одлука на Извршниот одбор на СДСМ од 26.11.2021 година вонредните избори се распишани и ќе се одржат на 12 декември 2021 година (недела).

Врз основа на Статутот на СДСМ и одлуките на Централниот одбор се објавува: 

ОТВОРЕН ПОВИК за самокандидирање на кандидат за Претседател на СДСМ.

За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани да се самокандидираат за Претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Постапката за кандидирање започнува на 27.11.2021 и ќе трае седум дена, а право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно статутот на СДСМ.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Деталите околу постапката, правиникот и критерумите се содржани во следниот:

Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.

Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места.

СДСМ е прогресивна модерна европска партија. Овој процес ќе биде направен по највисоките демократски и организациски стандарди.

Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката АКТИВНА РЕГИСТРАЦИЈА заклучно со 03.12.2021 или втората опција преку општинските организации на СДСМ. 

Документи поврзани со изборот на претседател на едно место:

Одлука за распишување на внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ:

Централна изборна комисија на СДСМ:

Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ:

Отворен повик за самокандидирање на кандидат за Претседател на СДСМ:

Пријава за самокандидирање за кандидат за Претседател на СДСМ:

Утврдена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ

ПРОГРАМА: ЗАЕДНО! ОДГОВОРНО И ПОСВЕТЕНО

 Димитар Ковачевски – кандидат за претседател на СДСМ

Концепт 28

Јован Деспотовски – кандидат за Претседател на СДСМ

Целосно безбедни избори по здравјето

Изборите ќе бидат целосно безбедни по здравјето, како за членовите на Општинските изборни комисии, за членовите на Избирачките одбори, така и за членовите кои ќе гласаат.

Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од КОВИД 19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот.