fbpx

Сите се борат против коронаворусот само Мицкоски шири лаги од белиот дворец, тој е прочитана книга на неспособност и невистини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност- реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски

 

 

Во време на глобална криза, додека сите институции се борат да го заштитат здравјето на граѓаните, Христијан Мицкоски, синхронизиран со неговиот шеф Груевски, се обидува да шири неоснована паника, политички да профитираат врз грбот на граѓаните.
 
Мицкоски не може да успее затоа што е одамна прочитана приказна на невистини и неспособност.
 
Денеска Христијан Мицкоски требаше да се откаже јавно од парите на народот, коишто неговата ВМРО-ДПМНЕ преку Буџетот ги добива од граѓаните.
 
Денеска Мицкоски требаше да им го честита на граѓаните историскиот успех на државата, членството во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
 
Очигледно, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата деструктивна партија која во клучни моменти за државата, за граѓаните, нема никаков предлог, нема став и секогаш е на спротивната страна.
 
Мицкоски нема ниту знаење ниту кредибилитет да зборува за економија.
 
Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски работеше против напредокот, против ЕУ и НАТО па дури и покачувањето на пензиите и минималната плата. Неговите пратеници ги блокираа собраниските комисии и правеа се да не се покачат платите и пензиите. Но, не успеаа.
 
Самиот Мицкоски, како директор на ЕЛЕМ, ја покачи струјата за граѓаните за 100%.
 
Затоа буџетска криза пред коронавирусот имавме кога тој, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беа 11 години власт.
 
Економијата од -1.8% во време на ВМРО-ДПМНЕ за само две и пол години, со вистински економски политики достигна раст од +3.6% во време на СДСМ.
 
Сега економијата е подготвена да се справи со економските последици од оваа глобална пандемија. Државата институциите преземаат се што е потребно да се заштитат граѓаните.
 
Пакетот мерки кои ги предложи СДСМ и претседателот Заев, вредни 200 милиони евра, се издржани, на здрава основа, за помош на граѓаните, на работниците, на стопанството, да ги сочуваме работните места и да обезбедиме приход за секој човек.
 
Во духот на солидарноста, товарот да го понесеме сите, за кризата да трае пократко а последиците да бидат помали.
 
Очигледно Мицкоски пати за внимание, затоа шири невистини кои немаат врска со реалноста.
 
Денеска има состанок Економскиот совет на Владата, предводен од премиерот Спасовски, да имаше Мицкоски некакви мерки за да предложи, ете му ги дополнителната министерката од ВМРО-ДПМНЕ, Кочовска и Трајко Славевски ќе ги предложеа.
 
Ова е време кога е потребна солидарност и меѓусебно помагање, вредности кои и во ваква криза остануваат непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
 
СДСМ покажа дека може да се справува со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик, здравствен и економски. За нас секој човек е важен!
Последни вести