fbpx

Обезбедени се бескаматни кредити за компаниите погодени од кризата, време е за солидарност и меѓусебно помагање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Државата, институциите остануваат посветени на спречување на ширење на коронавирусот, но и намалување на негативните ефекти врз економијата.

СДСМ како одговорна партија водена од интересите на граѓаните и државата, веќе предложи низа мерки за справување со економските последици од коронавирусот.

Владата веќе ги донесе првите мерки кои имаат за цел да им помогнат на граѓаните и стопанството полесно да се справат со штетите предизвикани од коронавирусот.

Развојната банка на Северна Македонија веќе објави јавен повик за доделување бескаматни кредити на микро, мали и средни претпријатија погодени од кризата. Компаниите ќе имаат можност да добијат бескаматен кредит од 3 до 30 илјади евра со грејс период од 6 месеци.

Со Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, се олеснува финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради коронакризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците.

Извршителските дејствија се ставени во мирување до 30 јуни.

За кризата побрзо се надмине потребни се уште посилни и уште поефикасни економски мерки, насочени кон заштеда и поголема помош за граѓаните.

Потребно е солидарно намалување на платите на функционерите, министрите, раководителите, градоначалниците, директорите и на вработените во јавниот сектор на 14.500 денари во месеците април и мај.

Претседателите и членовите на Советите во општините и претседателите и членовите на Управните и Надзорните одбори на институциите да не земаат надоместоци за месеците април и мај.
Сите средства од оваа заштеда да одат во фонд за справување со кризата од каде ќе им се помага на работниците и стопанството.

Време е за солидарност и меѓусебно помагање. Само така побрзо ќе се надмине економската криза која е последица на коронавирусот.

Последни вести