fbpx

Манчевски на Клик плус на ТВ 21: Ако излеземе брзо од кризата ќе ги надоместиме скратените плати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски на гостувањето во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21 зборуваше за економските мерки кои ги предлага СДСМ, а кои имаат за цел полесно и поефикасно закрепнување на економијата која е погодена од здравствената криза со корона вирусот.

„Предлогот на СДСМ опфаќа и намалување на платите на функционерите и членовите на управните одбори. Оние членови во одбори, ако се вработени нема да земаат приход од членството во одборот, а трета по ред е администрацијата. Има и друга варијтнта- кратењето на платите се надеваме би била времена мерка, ако излеземе од кризава брзо, можеме да направиме поврат на овие пари што ќе се скаратат во следните месеци. Прво велиме кратење на платите на функционерите, а потоа велиме солидаронст. За да се платат даноците, граѓаните да можат да платат даноци мора да ни функционира приватниот сектор.  Ако нема приватен сектор ќе нема пари, од каде ќе се плаќа?  Што ако оваа криза трае долго, што предлагаат другите партии? Критикуваат, а не нудат решенија. Среќни ќе сме ако оваа криза трае два до три месеци и ако брзо се вратиме во форма. Но ако ова трае долго, што тогаш, што ќе предложат тогаш другите?“- изјави Манчевски при објаснување на ефектите од мерките.

Тој посочи дека функционерите не преставуваат проблем, тие лесно може да се откажат од целите плати и воопшто да не земаат ниту денар во следните месеци, но е свесен дека има дел во администрацијата што потешко ќе се согласат со оваа мерка. Сепак, нагласи тој, мерката е солидарна.  
 
„Не е проблем за нас, еве ќе се откажеме ние од платите. Но, вработените кои се професионалци во администрацијата и се на повисоки позиции, што значи дека имаат поголемо искуство, квалификација и повисоко образование од другите, сега и тие мора да земаат иста плата со колегите со пониски звања. Но сето ќе биде полесно ако ова заврши во неколку месеци. Да укажам само дека САД прават три сценарија, првото е со криза од шест месеци, второто со 12 и третото е со криза од 18 месеци, што значи не знаеме ништо однапред“.- објасни Манчевски.
 
Манчевски уште еднаш порача дека изборите се одложени и затоа нема потреба ниту една партија да прави профитерство во време на здравствената криза. 
Последни вести