fbpx

Претседателот Заев: 200 милиони евра одат за поддршка на стопанството, на работниците, за да ги сочуваме работните места

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во однос на предложените мерки од страна на СДСМ и како беа тие прифатени од јавноста ,претседателот на СДСМ Заев истакна дека Владата е таа која ќе ги донесе конечните одлуки за мерките, со оглед на капацитетите кои ги има ,но секако политичките партии треба да покажат одговорност и да ги соопштат и не така пријатните вести.

200 милиони евра даваме поддршка на стопанството, на работниците и да ги сочуваме работните места, а сето тоа ја згоилемува ликвидноста, но и приватната потрошувачка од страна на работниците и компаниите,тоа ќе му помогне конкретно на буџетот, посочи Заев.

Претседателот Заев посочи дека овој пакет е редок на Балканот од позитивен аспект, а по глава на жител еден од најголемите. Сето тоа се должи на состојбата на буџетот кога бевме затекнати од кризата, со оглед на тоа дека имавме ликвиден буџет, со 3.6% раст на економијата, а само 2.5 години претходно бевме со минус 1.8%

На компаниите даваме од фондот за поддршка кој треба да се формира за оваа намена, преку кредитите, штедењето и кратењето од непродуктивните трошоци кои немаат импликација кон јавната потрошувачка. Кратењето на платите кај администрацијата е вториот чекор на кратења, посочи Заев.

Последни вести