Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Со лажни податоци ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покрие неспособноста на Данела Арсовска.
Два месеца Арсовска не работи ништо освен што прекинува проекти и разрешува директори на јавни претпријатија.
Наместо да работи за интересите на граѓаните, Арсовска работи за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, се однесува неодговорно и нанесува штета на развојот на Скопје.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, да не измислуваат алиби, да се зафатат со решавање на проблемите или да си одат.