fbpx

Арсовска да си ја совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Шилегов за доброто на Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најавите на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за ретерирање во нејзините намери да стопира важни проекти за скопјани во овие околности може да се толкуваат само како купување време и обид за прикривање на сопствената неспособност.

Нема оправдување за таквото несериозно и неодговорно однесување на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовска треба да си ја совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Петре Шилегов, а кои обезбедуваат развој на Град Скопје. Мостовите се важни за градот, БРТ транспортот е важен за скопјани.

Граѓаните на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ им дадоа доверба и одговорност да ги решаваат проблемите, а не да поништуваат и стопираат капитални и важни проекти.

Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните, а не да се поништуваат огласи за пожарникари, разрешуваат директори и стопираат проекти.

Последни вести