Соопштение за јавност
Градоначалничката на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска со полна пареа тргна во груба партизација на јавните установи и Јавните претпријатија под надлежност на Градот.
„Независната“ Данела Арсовска предлага лица од режимот да бидат поставени на клучни позиции.
За член на Јавната установа Младински културен центар предложена е Јелена Жугиќ, која со години беше дел од режимот и која бараше кон граѓаните да се пука со гумени куршуми.
Предлог листите за членовите на Управните и Надзорните одбори на Јавните установи и јавните претпријатија во Град Скопје се полни со партиски докажани кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Данела Арсовска освен тотална неспособност, освен што врши груба партизација на институциите и блокира важни проекти за граѓаните, покажува дека нема намера ништо да сработи.