Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Нервозата и стравот во ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски се повеќе растат.
Лагите се нивна единствена стратегија. Од Белата палата секојдневно конструираат измислици за неосновано да го напаѓаат Ковачевски, со очајни лаги за неговото образование.
Тоа е очекувано, за една партија како ВМРО-ДПМНЕ која што е нереформирана, во која ништо не се менува и која нема никаква понуда за граѓаните.
За разлика од квалтетното образование на Ковачевски, единственото стручно усовршување Христијан Мицкоски го имал кај својот татко, каде што бил асистент.