fbpx

Со тројно намален буџет за животна средина, Арсовска не може да обезбеди мерки за справување со загадениот воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштение на Град Скопје

Данела Арсовска за Секторот за животна средина во Буџетот на Градот за 2022 година предвидела три пати помалку средства во споредба со оваа 2021 година. Иако градоначалничката Данела Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето, таа го намалува буџетот за животна средина од 213 милиони денари, колку што изнесува оваа година, на 73 милиони денари во 2022 година.

Истовремено, Арсовска го укина БРТ системот кој е еколошки проект за јавен превоз.

Со ваков пристап нема борба против загадувањето, нема чист воздух.

Благодарение на мерките спроведени од централната и локалната власт на СДСМ во изминатите четири години, аерозагадувањето во Скопје се намали за 33 отсто.

Град Скопје и градоначалничката треба да престанат да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, за исполнување на она што Данела Арсовска им го вети на граѓаните.

Последни вести