fbpx

Ковачевски: Новата Влада со силен фокус на економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата, истакна во вчерашното обраќање пред медиумите Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ и мандатар за идна Влада. Тој рече дека новата Влада ќе се насочи кон ефикасна реализација на капиталните инвестиции и финансиска поддршка на граѓаните во време на економска и енергетска криза. но ефикасна реалзаиција на програмата и капиталните инвестиции.

„Новата Влада ќе стави силен фокус на економијата, насочени сме кон остварување двојно повисоки стапки на економскиот раст и покачувањето на платите. Трудот на работникот мора да се цени и вреднува“ – рече Ковачевски по изборот на новото раководство.

Тој истакна дека согласно економските трендови и силината на кризата, ќе се моделираат и финансиските модели за поддршк ана граѓаните и стопанството со цел заштита на ранливите групи граѓани и поддршка на работниците.

„Финансиската поддршка за сите граѓани и за компаниите ќе продолжи и ќе се зголемува. Како што ќе се креираат мерките за интеревенција поврзани со енергетската криза, за заштита на здравјето и помош во услови на пандемија, така ќе се моделира и засилената финансиска поддршка“ – заклучи Ковачевски.

Последни вести