fbpx

Ковачевски на средба со амбасадорката Брнз: Остануваме посветени на реформите и евроинтегративниот процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнз.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми од национален интерес за нашите две пријателски земји, за соработката, евро-аталнските интерграции, за предизвиците со здравствената и енергетската криза, како и за процесите околу формирањето на новата Влада предводена од СДСМ.

Претседателот Ковачевски упати благодарност до пријателските САД за постојаната поддршка кон Република Северна Македонија и сите нејзини граѓани.

Ковачевски истакна дека како претседател на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада тој ќе се води од принципите на заедништво, одговорност, посветеност и ефикасност, со цел и СДСМ и Владата уште повеќе посветено да работат за граѓаните и подобрување на животниот стандард.

„Како претседател на СДСМ и како мандатар за новата влада, ќе се водам исклучиво од принципите на заедништво, одговорност, посветеност и ефикасност, а тоа ќе го барам и од моите соработници. Мојот став и принцип е нула толеранција за корупција на секое ниво, особено за носителите на високи, јавни функции. За таа цел, ќе се посветам на јакнеење на капацитетите на институциите кои се борат против корупцијата. Ефикасно, одговорно и посветено“ посочи Ковачевски.

Во однос на прашањето со Бугарија и евроинтеграцијата, претседателот Ковачевски истакна дека потребно е да се најде заедничко прифатливо решение, со цел да се оттргне блокадата и Северна Македонија конечно да ги започне преговорите со ЕУ, нешто што одамна го заслужи.

„Ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Остануваме посветени на наоѓање решение со соседна Бугарија за да продолжи нашиот европски пат. По изборот за премиер ќе го поканам господинот Петков да ја посети нашата земја. За нас е најважно да направиме план, заедно со бугарската влада, за отстранување на блокадата час поскоро, секако со заедничко прифатливо решение. Ние треба да останеме посветени и ангажирани во разговорите со искрен пристап. Ако ист таков пристап има и новата бугарска влада, верувам дека е можно да изнајдеме компромис за отворените прашања.“ рече Ковачевски.

Амбасадорката Брнз му честиташе на Ковачевски за изборот за претседател на СДСМ и порача дека САД продолжуваат да бидат најголемиот стратешки партнер на Северна Македонија како во делот на спроведувањето на реформите, така и во евроинтегративниот процес.

Последни вести