Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ
Ниското ниво на политичка култура и комуникација на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека оваа партија предводена од Христијан Мицкоски нема намера да се промени.
Очигледен е стравот во белиот дворец од претседателот Димитар Ковачевски и новото раководство на СДСМ.
Додека СДСМ се менува постојано за уште подобро да им служи на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во режимската матрица.
СДСМ се реорганизира и ќе продолжи да се демократизира и да создава и поддржува нови кадри, да се потпира и вклучува луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста.
Тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ, таму нема никаква промена, најавуваат „нова доктрина“ со стари добро познати имиња кои 11 години државата ја држеа заробена, поделена и изолирана.
Антонио Милошоски, Илија Димовски, Зоран Ставревски не можат да понудат ништо ново, ништо добро за граѓаните, тие се дел од режимот кој 11 години ги малтретираше граѓаните.
Дури и самиот Мицкоски беше дел од режимот како десна рака на Никола Груевски, менторот кој го инсталираше во фотелјата во Белиот дворец.
ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да се менува, тоа е партијата која по секоја цена продолжува да работи против интересите на граѓаните, против интересите на државата.