fbpx

Арсовска со намалување на средствата за субвенции за инвертори не може да се бори против загадувањето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ветувањата на Данела Арсовска дека ќе се заложи за борба против загадувањето и заштита на животната средина сега се сведени на лажни предизборни ветувања.

Арсовска крати буџетски средства за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки.

Освен што за три пати ги намали парите за Секторот за животна средина, Арсовска ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

За шест пати се намалени субвенциите за инвертори кон скопјани за следната година, односно на само 24 милиони денари.

Мерката за субвенционирањето на набавка на инвертори досега беше искористено од околу 5.000 домаќинства во Скопје, а тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот.

Ваквиот пристап на Арсовска не може да обезбеди решение против аерозагадувањето.

Арсовска мора конечно да почне да работи, особено на она што им го вети на скопјани, а добрите проекти и еколошки мерки на Петре Шилегов да ги продолжи а не да ги девалвира и укинува.

Последни вести