fbpx

За еден ден Арсовска го укина бесплатниот превоз, укинува мерки против загадувањето, покажува неспособност и аматеризам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дали градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска смета дека со мерка која трае 1 ден го решила аерозагадувањето во главниот град?

Нема друго логично објаснување зошто Данела ги укинува мерките за спречување на загадувањето на воздухот во Скопје, а нема ниту дополнителни мерки.

Арсовска за три пати го намали буџетот за Секторот за животна средина, ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

Исто така ги укинува и девалвира добрите еколошки проекти воведени од градоначалникот на СДСМ Петре Шилегов.

Со ваквиот пристап Арсовска не го решава проблемот со загадувањето на воздухот во главниот град, нема ниту знаење ниту способност за тоа и покажува неспособност и аматеризам.

Последни вести