Соопштение за јавност
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со своите политики се залага и вложува во сите сегменти од општественото живеење со цел поквалитетен живот на сите граѓани.
Како дел од приоритетите на кои посветено работеше изминатите 2.5 години беше и заштитата на животната средина која се реализираше преку бројни мерки за намалување на загадувањето на почвата, воздухот и водата и сочувување на природата.
Грижата за здравјето на граѓаните и животната средина продолжува уште подобро и уште повеќе.
Воведуваме построга контрола и повисоки казни за загадувачите, комунална полиција во секоја општина и 24-часовен надзор врз инспекциските служби.
Тројно го зголемуваме бројот на еко инспектори и воведуваме тројно повисоки казни за фабриките кои немаат еко филтри.
60.000 домаќинства ќе добијат бесплатен еко инвертер, а ќе се обезбедат и субвенции за приклучување на централно греење и за набавка на филтри на оџаците на домаќинствата.
Наспроти еколошките политики на СДСМ , ВМРО-ДПМНЕ 11 години не донесе ниедна мерка за животна средина. Наместо тоа, поделија десетици концесии за рудници,купија најевтини кинески загадувачки автобуси, ја покачија цената на струјата за 100% и ги принудија луѓето да се греат на горива кои загадуваат. Ги натераа корисниците на парно во Скопје да се исклучат и имаат чиста нула инвестиции во обновливи извори на енергија.
Денес, граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорниот пристап на СДСМ и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа на 12 април СДСМ заедно со граѓаните ќе оствари уште една победа.
Продолжуваме заедно. Можеме уште повеќе, уште подобро.