fbpx

Со СДСМ за 2.5 години, просечната плата расте за 4.028 денари, а за 2.5 години во време на ВМРО-ДПМНЕ само 700 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Извршителот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните, предизборно им ветуваат зголемување на просечната плата за 25% за 4 години.
 
Пред да им ветат на граѓаните нешто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се јават во реалноста.
 
Па, тоа што тие го ветуваат, сега СДСМ и Зоран Заев го остваруват.
 
За само 2.5 години СДСМ ја зголеми просечната плата за над 4.000 денари. Тоа е зголемување од  околу 17,6% за две и пол години.
 
Продолжувањето на ваквиот тренд на раст на плататат ,ќе доведе до нејзин раст над 25% за четири години.
 
Извршителот Мицкоски кој нема програма им ветува на граѓаните помалку од тоа што ние СЕГА го остваруваме!
 
Колку ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми платата за еден мандат додека го правеше најголемиот криминал?
 
 За 4 години, во време на ВМРО ДПМНЕ просечната плата едвај за околу 8% порасна.
 
Наспроти тие минимални проценти на раст на плата од кои ВМРО-ДПМНЕ треба да се срами, СДСМ успеа за краток период од 2.5 години да направи рекорден скок на платите.
 
Па, така, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 26 836 денари, ако ја споредиме со просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017, која изнесува 22 808 денари, тоа е раст за 4.028 денари.
 
Наспроти ова во време на ВМРО-ДПМНЕ, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2010 изнесува 20 330 денари, а во јуни 2013, изнесувала  21 108 денари.
 
Па тоа е раст за само 778 денари.
 
Значи СДСМ за 2.5 години ја покачила платата за 4028 денари , а во време на ВМРО-ДПМНЕ таа има раст за само 778 денари.
 
Мицкоски не знае да покачува плати, тој знае само да ја покачува цената на струјата
 
Па, граѓаните не се толку наивни. Граѓаните знаат кој се задолжуваше, а не ја зголемуваше платата и кој сега ја зголемува.
 
Мицкоски слободно може да гласа за СДСМ, неговите ветувања ние СЕГА ги остваруваме.
 
Затоа ќе бидете казнети на 12 април, затоа што 11 години на власт не се грижевте да ги зголемувате платите, а се задолжувавте со милијарди евра.

 

 

Последни вести