Соопштение за јавност
За помалку од три години, преку одговорни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја извади државата од финансискиот колапс во кој беше заглавена.
Денес, официјалните податоци го потврдуваат сериозниот исчекор на економски план.
Платите растат во сите сектори, имаме рекордно високи странски инвестиции, невработеноста е на историски минимум од 17.1 отсто, а животниот стандард расте.
Токму, досегашните економски политики отвораат простор за уште поголем раст.
Затоа, во следните четири години мандат СДСМ го подготвува досега најголемиот скок во македонската економија.
Следува рекордна невработеност и рекорден раст на платите. Преку мерки и политики со кои Северна Македонија станува земја со ниска невработеност, држава во која платите растат брзо во сите сектори.
Затоа во новата програма СДСМ предвидени суштински и реални мерки и политики.
До крајот на мандатот, до 2024 година, планирани се нови 100.000 работни места. Затоа што ако можеше за 2,5 години да се отворат нови 60.000 работни места, за полн мандат од 4 години реални се шансите да се отворат 100.000 нови работни места.
Овие политики ќе донесат пад на невработеноста под 8%, односно под 20% кај младите.
Денес стапката на невработеност изнесува 17,1 кај општата популација и 35 отсто кај младите и е сериозно намалена во споредба со 2017 година.
СДСМ беше и останува на страната на интересите на граѓаните. Тоа го потврди со бројните мерки за само 2.5 години. За следните 4 години со уште позасилено темпо, со нови и подобри можности за сите граѓани.
Затоа на 12 април ќе победат политиките на Социјалдемократскиот сојуз кои нудат напредок и просперитет и за државата и за сите граѓани.