fbpx

Лукаревска присуствуваше на главната церемонија по повод верскиот празник Водици во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска присуствуваше на церемонијата за чествување на големиот христијански празник Богојавление – Водици, која што се одржа на мостот „Слобода“ во центарот на Скопје.

Лукаревска на сите верници од православна вероисповест им го честиташе денешниот празник со желба за многу здравје, среќа и благосостојба.