Соопштение за јавност
Зад барањето за предвремени избори од стана на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се крие единствено нивната пуста желба да се дограбаат до власт по секоја цена.
Парламентарното мнозинство е стабилно и изгласа нова влада со мандат до 2024 година а нејзиниот легитимитет лежи во парламентарните избори во 2020 година.
ВМРО-ДПМНЕ од тие избори па до дненеска не понуди ништо ново, ништо различно од тоа што го нудеа тогаш, а токму таквите политики и кадровски решенија беа поразени на парламентарните избори во 2020 и ВМРО-ДПМНЕ не ја доби довербата да ја води државата.
Граѓаните веќе гледаат што се случува со општините и со градот Скопје во кои победија кадри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Блокирани проекти, партизација на општините, се трошат по 6000 евра за чоколади и апетисани, едноставно се врати политиката „Немаме за леб трошиме за чоколадо“.
Барањето за брзи избори го покажува стравот на Мицкоски дека веќе се гледа неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, но стравот од пресуди во судските процеси за тоа уште колку пари се украдени од партиската каса на ВМРО, како е направена белата палата во која се сместени Мицковски и „новите кадри на ВМРО“.
Граѓаните се уморни од постојани избори и очекуваат од овој состав во Собранието да реализира што е можно повеќе од ветувањата што партиите ги даваа на изборите во 2020 година.
Државата заслужува една влада и партиите што го чинат парламентраното мнозинство да истераат цел мандат и потоа аргументирано пред следните избори да се расправа дали успела таа влада да ја спроведе својата програма.
Повеќе од 15 години немало влада која заокружила цел мандат и на тоа мора да му се стави крај, предвремени парламентарни избори нема да има.