Соопштение за јавност
Од -1,8 денес имаме раст од 3,6 отсто раст на економијата, покажавме дека имало пари за се во државата, докажавме дека со рационално работење може да има пари за поголеми пензии кои сега се за 1.800 денари повисоки. Денеска вложуваме во народот во иднината и сите тие вложувања ја зголемува просечната плата за над 4.000 денари, а минималната плата за 5.500 денари.
Ние не фрламе пари за споменици туку за граѓаните, порача претседателот Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Овен раст на платите, ги намалуваме и трошоците преку укинување на радиодифузната такса, со евтината тарифа на струјата, преку намалување на трошоците, но и директно враќаме пари кај граѓаните преку мерката Мој ДДВ. Вложуваме во народот и тоа ќе продолжиме да го правиме, заврши Заев.