fbpx

Заев во „Само вистина“: Казната што на овие избори ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ од граѓаните ќе му даде шанса да се реформира и европеизира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целиот демократски западен свет кон кој се стремиме го поздрави Договорот од Преспа, ЕУ, САД, ЕК. Господинот Туск беше само еден од многуте кој кажа дека тоа е вистинскиот пат. Не може никој да го манипулира народот повеќе и да прашува што добивме. Добивме реализација на нашите две стратешки цели. Ние денеска сме членка на НАТО, рече претседателот Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.
 
Сите цели ние ги остваривме, ние денеска сме членка на НАТО и светол пример во Европа, цел свет зборува со суперлативи. Колку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ги научи овие лекции толку подобро. Казната што на овие избори ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде шанса да се реформира и европеизира, заврши Заев.
Последни вести