fbpx

ВМРО-ДПМНЕ треба да призне дека Пецаков погреши и да побара одговорност наместо да лаже, целата владина делегација беше тестирана

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Наместо да лаже, да измислува и да констриуира, ВМРО-ДПМНЕ треба да признае дека градоначалникот Пецаков ги прекршил протоколите и одредбите, го загрозил здравјето на охриѓани и да побара одговорност од него.

Со невистини ВМРО-ДПМНЕ не може да го спаси Кирил Пецаков кој треба да одговара.

Пласирањето нови невистини и обдот да се изврши притисок врз институциите по секоја цена да се брани Пецаков покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ не им се важни граѓаните.

Фактите се дека целата делегација на Владата беше тестирана пред патувањето во Бугарија, а премиерот немаше никакви активности се додека не ги доби резултатите од тестирањето.

Залудни се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не може да го спаси Пецаков од одговорност за своите постапки.

Последни вести