fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие фактот дека Арсовска не сработи ништо во првите 82 дена од мандатот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ

Ниту една празна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, ниту едно штуро соопштение од Град Скопје не можат да ја прикријат неспособноста на Данела Арсовска.

Ништо не го сокрива фактот дека Арсовска не сработи ништо во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

Освен мобилни тоалети и нивелирање шахти, се друго што правеше Арсовска беше партизирање на градската администрација, партизирање на јавните установи и претпријатија под надлежност на Град Скопје.

Дури и на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски им е јасно дека Арсовска е големо разочарување за скопјани па затоа секојдневно се обидуваат да го оправдаат нејзиното неработење преку конструкции и празни прес-конференции.

По 82 дена, на сите им станува јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник што некогаш Скопје го имал.

Последни вести