Мицкоски молчи за скандалозното кршење на ковид протоколите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски втор ден молчи за неговото скандалозно кршење на ковид проколите.

Го нема никаде.

ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава а Мицкоски крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните.

Ништо нема искрено и чесно ниту кај Мицкоски ниту кај ВМРО-ДПМНЕ. Едно зборуваат, друго прават.

Ова е вистинското лицемерно и неискрено лице на Христијан Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува вака, неодговорно и срамно.