fbpx

Арсовска да не се правда, и да се крие зад соопштенија, да почне да работи и да реализира проекти

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на Град Скопје

Наместо да се правда и крие преку соопштенија, Данела Арсовска конечо треба да почне да работи и да реализира проекти.

Колку Арсовска и Град Скопје се грижат за чист воздух покажува фактот што сериозно го намалија буџетот на за животна средина и субвенционирање на набавка на инвертори.

Факт е дека депониите не само што не се чистат туку и редовно никнуваат нови во секоја скопска општина, факт е дека за три месеци освен нивелација на неколку шахти и поставување мобилни тоалети, Арсовска не спроведе ниту еден свој проекти.

Но нерботењето освен кај Арсовска очигледно е одлика и кај градската администрација, па Град Скопје денеска пласира соопштение и реакција на вчерашна изјава на СДСМ.

Три месеци и беа доволни на Арсовска за да се покаже како најнеуспешен градоначалник на Град Скопје и тоа не може да го покрие ниту едно соопштение на Град Скопје, ниту една прес-конференција од нејзината ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести