Соопштение за јавност
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска потроши три месеци од мандатот без да реализира ниту еден проект а сопре и неколку готови проекти.
Нивелирање на неколку шахти и поставување на мобилни тоалети ниту се проекти ниту носат развој на градот.
Арсовска ништо не направи за најзначајниот проект за еколошки и брз градски транспорт за кој веќе има обезбедено 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.
Стои и изградбата на мостот во Карпош на Љубљанска за кој исто така се обезбедени средства.
Арсовска не ја продолжи ниту реконструкцијата на Универзална сала која е започната и за која Владата има обезбедено пари.
Не е завршен ниту капиталниот проект – мост на реката Вардар во Аеродром.
Неработењето на Арсовска ја прави најнеуспешна градоначалничка на Скопје.
Граѓаните се презаситени од оправдувања и изземање од одговорност, тие очекуваат реализација на крупни, капитални проекти.