Соопштение за јавност
Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисија „Само Вистина„ на Канал 5 телевизија истакна дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да покаже дека нема услови парламентот да работи функционално и тоа го користи и преку кочењето на Комисијата за избори и именувања и преку безброј процедурални на други комисии, недозволување изгласување на дневен ред и тоа е видено сценарио кое подолго трае.
Во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека владата преговара за ликот и делото на најпознатиот македонски револуционер Гоце Делчев, пратеничката Калеска Ванчева потенцираше дека не се потребни популистички декларации за Гоце Делчев.
Не постои Македонец кој што не се гордее со Делчев и останатите револуционери. За тоа не се дебатира. Тоа е длабоко во корените. Делчев е нешто свето за нас. Зар треба со Декларација во Собранието да го потврдиме тоа. Дали утре ќе треба Декларација и за Сандански и Мисирков, нагласи Калеска Ванчева.
Таа истакна дека опозицијата на сите можни начини се обидува да испровоцира предвремени парламентарни избори, иако граѓаните пред година и седум месеци довербата и ја дадоа на СДСМ и коалицијата.
Со блокади на Собранието,опозицијата сака да се испровоцираат предвремени парламентарни избори, се што се прави дали со Декларацијата, критики на преговорите, но и на внатрешен план, со блокирање на закони, сето е ова е за една единствена цел, провоцирање на предвремени парламентарни избори, а тие не се потребни во време на здравствена, енергетска криза, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисија „Само Вистина„ на Канал 5 телевизија.