Соопштение за јавност- реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО- ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ очигледно е без идеи и во очај, штом Мицкоски го пушта на прес конференција Стевче Антовски да зборува за наводен бонбона бизнис со распишувањето на тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен на Црна река.
Само за потсетување досега пропаднаа 13 тендери за изградба на хидроцентралата Чебрен, а дел од нив ги распиша и Христијан Мицкоски, во времето кога неславно раководеше со ЕСМ (ЕЛЕМ) и кои никогаш не беа реализирани.
Енергетскиот систем во периодот од 2006 до 2017 година се движеше во неповолна насока, а СДСМ за 2,5 години успеа да спроведе шампионски мерки во енергетскиот сектор и тоа:
– Цената на струјата престана да расте и се стабилизира. Сега имаме најниска цена на струјата во Европа. За разлика од криминалното време на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до 2016, кога цената на струјата се покачи за 100%.
– СДСМ ја врати евтината тарифа на струјата што ја укина ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ го зголеми домашно производство на струја. Сега не увезуваме струја туку продаваме. Во време на криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше пад на домашното производство на струја од 25%, увозот достигна огромни 38%. Цената за која се купуваше струја беше над 200 евра.
– ЕСМ сега не купува струја туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.
– ЕСМ (ЕЛЕМ) денес има добивка од 80 милиони евра, за разлика од загубите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Планираната изградба на хидроцентралата Чебрен, за која е распишан нов тендер, со поддршка на ИФЦ филијала на Светска банка, предвидува јавно-приватно партнерство на АД ЕСМ со инвеститорот, кој ќе биде избран во транспарентна постапка, и е во насока на зголемување на домашното произовдство на електрична енергија, намалување на зависноста од јаглен и мазут и намалување на загадувањето.
СДСМ спроведува мерки за засилени инвестиции во обвновливи извори на енергија, како фотоволтаични електрани, кои се иднина на енергетиката, а не јагленот, како што сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Најголеми инвестиции во енергетскиот сектор се извршени во време на СДСМ, со изградбата на хидроцентралите Козјак и Света Петка на реката Радика, а ВМРО-ДПМНЕ не може да се пофали со вложувања во енергетскиот сектор, туку само со расфрлање на народните пари за барокни згради, споменици и други фикции на Груевски и неговиот советник за енергетика Христијан Мицкоски.
Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе.