fbpx

Само лажни вести и измислици од белиот дворец, договорените тендери се одлика на ВМРО-ДПМНЕ, денес постапките се јавни и транспарентни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ партијата олицетворение на лаги,измислици и вештачки креирани сценарија продолжува во нивни познат стил.

Но, реалноста е дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ се со краток рок и не им поминуваат.

Така, не помина ни денешната лага од белиот дворец, во која е повикана министерката за одбрана Радмила Шекеринска за наводни сомнителни тендери.

Од ова само се потврдува очајот на ВМРО-ДПМНЕ во нивната безидејност и немањето што да им понудат на граѓаните, освен лаги од краток рок.

Машините за кои потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во настап на нервоза при телевизиското соочување со министерката за одбрана, а потоа и неговата партија се огласи, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби.

Освен јавниот  повик до сите фирми да зематучество во набавката и техничкиот дијалог, билоодговорено на сите прашања, предлози исугестии токму во насока на зголемување на конкуренцијата.

За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес не се договараат цените по телефон и со тајни разговори туку се јавно објавени постапки на кои победува тој што нуди најниска цена. Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.

На лицемерието на  ВМРО-ДПМНЕ му немакрај. Истата таа партија го кочеше Законот заодбрана во Собранието, особено важен занашето членство во НАТО, со години ги држеше замрзнати платите на вработените во армијата и не направи ништо позитивно.

Наспроти нив, СДСМ се посвети целосно на подигнување на стандардот на вработените во одбраната, како и обезбедување подобри услови за работа преку целосно опремување со униформи и чизми на сите вработени во Армијата, платите за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари и обезбеди надомест од 7000 денари за станарина.

Затоа,граѓаните на 12 април ќе ги поразат лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

 

Последни вести