fbpx

Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени на суд, Мицкоски да поднесе оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По признанието на врхушката на партијата тогаш на чело со бегалецот Никола Груевски дека дејствувале како злосторничко здружение во Титаник, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка.

11 години државата ја држеа заробена во изолација со наместени избори, заробени институции, масовно прислушување, урнисан правосуден систем, партизирана полиција и богатење со парите на граѓаните.

Покрај признанијата на поранешните функционери на ВМРО-ДПНЕ за нивните криминали, судовите докажаа дека злоупотребувале служебана положба, фалсификувале документи, местеле тендери во РЕК, дека преку фирми на нивни партиски послушници се затајувал данок, се уништувале докази од кои дел се однесувале на незаконско прислушување.

Затоа немало пари за повисоки плати и пензии, за повисоки минимални плати за граѓаните.

Мицкоски не може да избега од вистината и одговорноста и веднаш да поднесе оставка.

Последни вести