Соопштение за јавност
Јавноста вчера сведочеше на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средносто образование на вчерашната седница на Комисијата за образование наука и спорт се претворија во обиди за физичко насилство и хаос.
Срамно и безобразно е однесувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не дозволуваат да почне расправата за овие измени.
ВМРО-ДПМНЕ цела година блокира измени со кои над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4700 од нив ќе добијат трајно вработување.
ВМРО-ДПМНЕ повторно си го покажа лицемерието, насилничката матрица и деструктивното дејствување, покажа дека воопшто не се грижи за наставниците.
Зошто на ВМРО-ДПМНЕ им пречат наставниците во основното и среднодното образование, па не бира средства да го спречи покачувањето на платите?
На ВМРО-ДПМНЕ никогаш не им биле важни ниту граѓаните ниту образованието, важни им се само личните и партиски интереси.