Соопштение за јавност
Млади од Куманово денеска учествуваа на програмската трибина МЛАДИ 20-24 на тема „Едно општество за сите“ во организација на СДММ. На трибината се обратија потпретседателот на Социјалдемократската младина на Македонија Јон Фрчкоски, Мартин Захариев и Катерина Пешиќ Бошковска од општинската организација на СДММ и Лоранд Јашари, млад Албанец од Куманово.
Концептот Едно општетство за сите, кој го воведе и негува СДСМ, е почит кон различности, без дискриминација, тоа е процес на инклузивност, широко препознаен од граѓаните и Концепт што ќе не донесе во уште една голема победа, истакна порпретседалот на СДММ Јон Фрчковски.
Тој посочи дека концептот провејува низ повеќе закони, како законот за спречување на дискриминација, законот за основно образование, но и во Национата стратегија за развој на концептот едно општество за сите и интеркултурализам, нагласувајќи дека овој концепт за СДСМ е начин на живеење и практикување на политиката.
ВМРО-ДПМНЕ до пред 3 години вршеше поларизација на општетсвото во секој сегмет, а ние го градиме концептот едно општество за сите, општество без поделби, модерно, фер, демократско, еднакво општество за сите, порача претседателот на СДММ од Куманово, Мартин Захариев.
Како млад човек кој е роден и живее во Куманово, навистина сум среќен што нашиот град ја живее оваа мултиетничка приказна, рече Захариев и ги повика младите активно да се вклучат во политичкиот живот, бидејќи мора да се обединиме околу нашите позитивни и прогресивни политики и по големата победа на 12 април да ги заокружиме реформите што започнаа.
Куманово како мултиетничка средина покажува низ примери дека може да живее со различностите, истакна Катерина Пешиќ Бошковска од СДММ од Куманово.
Бошковска додаде дека за успешни младински политики се потребни активни млади луѓе и посветеност на властите, вклучување на младите во донесувањето одлуки со почитување на различни меѓуетнички вредности, градење совесни граѓани.
Гордо веруваме во концептот едно општество за сите, истакна Лоранд Јашари, додавајќи дека правичноста тука живее, концептот е заедно да функционираме во еден добар соживот, како еднакви граѓани со различни националности.
Концептот има за цел да создаде еднаквост и европско општетство, а не едноцентрична држава, порача Јашари.
Трибината во Куманово е дел од процесот на широки консултации со млади луѓе и креирање решенија и мерки за млади, што го започна СДММ, кои ќе станат дел од официјалната програма на новата Влада, за периодот 2020 – 2024 година.