Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски не сака ниту обединување, ниту единство околу ниедно прашање од национален интерес, неговиот однос по прашањето со Бугарија е лицемерен и воопшто не е искрен.
Мицкоски ниту еднаш не застана со отворена поддршка за државните позиции иако тие се градени согласно Резолуцијата што токму неговата партија ја поднесе до Собранието а пратениците ја усвоија.
Затоа и јавно одбија да бидат дел во работните групи.
ВМРО-ДПМНЕ на прашањата со Бугарија, како и за многу важни процеси претходно, единствено гледа како можност да создава тензии и го гради лажниот патриотизам за своите дневно политички потреби.
Така беше и со лагите дека во Софија државата ќе се распарчувала, така е и сега со лагите дека ќе сме се бугаризирале. Ваквиот однос на Мицкоски е нечесен и неодговорен кон сопствената држава, кон сопствениот народ.
Секојдневните повици на Мицкоски не се ништо друго освен уште едно негово ново лицемерие.