fbpx

Граѓани мрзнат на постојки, цели населби отсечени, крах на јавниот превоз во Скопје, Арсовска не знае да менаџира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Последните денови јавниот превоз во Скопје е во колапс.

Според сведоштва на граѓани, цели населени места околу Скопје, како на пример Булачани, Раштак Црешево и Стајковци се целосно отсечени од јавниот превоз, автобусите на ЈСП воопшто не сообраќаат до овие населени места.

Ништо поразлично не е ниту со градските линии кои наместо на почести интервали како што излажа Данела Арсовска, возат разретчено без почитување на возниот ред, па затоа секој ден автобусите се преполни.

Арсовска не само што не набави нови автобуси, не само што нема намера да воведе бесплатен автобуски превоз, таа и раководството на ЈСП не знаат да менаџираат ниту со постоечките автобуси.

Секојдневно се потврдува неспособноста на Арсовска, која ништо не работи, а последиците од таквата неспособност, за жал, директно ги чувствуваат жителите на Скопје.

Последни вести