fbpx

Архитектите ја демантираат Арсовска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека реконструкцијата на Универзална сала со месеци е закочена, Арсовска по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, на прес-конференции кажува половични информации за да си ја покрие сопствената неспособност и неработа.

Нејзините невистини се демантирани и од страна на архитектите.

Проектот за Универзална е стручен и безбеден, а позитивно мислење има и од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, од Градежниот факултет, а надзорот ги одобри сите градежни зафати.

За период од 4 месеци Арсовска требаше да го заврши овој проект важен за скопјани, но и за целата држава, а не да измислува оправдувања и невистини.

За проектот за реконструкција на Универзална сала, кој е стопиран, досега се реализирани околу една третина од средствата обезбедени од Владата, односно околу 40 милиони денари.

Градоначалничката на Скопје да престане да ги потценува граѓаните и да почне да ги реализира проектите во интерес на Градот.

Последни вести