Соопштение за јавност
Пропаднаа сите обиди на Арсовска преку лаги да ги плаши граѓаните на Скопје дека Универзална сала е небезбеден проект.
Архитектите, целата стручна јавност потврдија дека проектот за реконструкција на Универзална сала е безбеден и направен по сите стандарди.
Арсовска нема веќе простор за манипулација на јавноста со лажни конструкции и затоа треба да се откаже од суетата и дрското однесување и да го продолжи проектот за Универзална сала за кој Владата на Град Скопје обезбеди 2 милиони евра.
Трпението на граѓаните на Скопје е пред крај, освен што го партизира градот, прекинува проекти, градоначалничка на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да реализира ниту еден проект кој е во интерес на граѓаните и Градот.
Неколку месеци беа доволни Арсовска да се покаже и докаже како досега најнеспособниот градоначалник на Град Скопје.