Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ одговорно ја следи глобалната економија и последиците од новонастанатата ситуација.
Државата, институциите се подготвени да одговорат на сите нови предизвици во делот на економијата и енергетиката, со цел да се заштити домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.
СДСМ како одговорна партија, преку надлежните институции ќе стори се за последиците од конфликтот во Украина врз домашната економија да бидат што помали и послаби.
И во време на безбедносни, економски и енергетски кризи, остануваме целосно посветени на заштита на економскиот стандард на граѓаните и унапредување на домашната економија.